СДСМ: Придобивките од членството во НАТО се видливи, Македонија веќе го користи системот за командување со инциденти

Во време кога сме соочени со силна здравствена и економска закана, се остваруваат двете најголеми стратешки цели на државата. Нашата држава и официјално стана членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ. Се остварува стремежот на многу генерации.
Сето ова ги потврдува исправните и успешни политики на СДСМ, а веќе сведочиме на првичните придобивки од овие успеси.
Европската Унија како првична помош во справување со коронавирусот одвои меѓу 66 и 70 милиони евра за нашата држава, а како членка на НАТО Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО за да го координира својот одговор на кризата ковид-19 и да и обезбеди на својата јавност информации и совети во реално време.
Тоа се првите и директни придобивки од нашиот напредок во евроинтеграциите.
Во време на ваква криза, државата, институциите покажаа дека имаат капацитет да работат на реализација на важните цели, да работат посветено во интерес на граѓаните и државата.
Како одговорна партија целосно сме насочени кон заштита на здравјето на граѓаните како врвен приоритет преку поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот.
Затоа и апелираме до сите граѓани на целосно и доследно почитување на мерките и препораките на надлежните институции со цел заеднички да се избориме и излеземе како победници од оваа криза.
Истовремено, упатуваме благодарност до сите кои учествуваат во борбата со коронавирусот односно до здравствените работници, лекарите, полицајците, службениците, затоа што сите тие наши херои.
Република Македонија храбро чекори напред, за безбедна, сигурна и просперитетна иднина на сите граѓани.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
