СДСМ: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е сведена на стари кадри, луѓе на Груевски
И денешните имиња кои се објавија за кандидати за градоначалници се уште потврда дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ е понуда од немај каде, составен во главно од стари кадри, луѓе на Никола Груевски.
Соочен со тоа што нема понуда, нема кадри и знае дека ги чека нов изборен пораз Мицкоски од немај каде става кандидати кои треба само да го поднесат поразот или игра игрици со глумење независни кандидати.
Фактот дека во Кавадарци е кандидиран Митко Јанчев, човек кој беше мета на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сменет од потпретседателската функција во партијата, покажува колку е очаен Мицкоски.
Зад кој и кандидат да застане губитникот Мицкоски го чека пораз на локалните избори, вклучително и во Кавадарци.
Тоа што денеска кандидатите на Мицкоски ги соопштува Антонијо Милошоски, човек осуден во Германија и човек против кого се водат случаи пред македонските судови, е потврда дека нема ништо ново, ниту променето во ВМРО-ДПМНЕ, заглавена партија во режимската партија.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење