СДСМ: Пензиите ќе растат согласно трошоците за живот
Од СДСМ во денешната реакција на прес-конференцијата на Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ велат дека јавноста ја препознава лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека пензиите ќе растат согласно трошоците за живот.
- Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија и изјави да шири лажни вести и да ги манипулира граѓаните. Јавноста ја препознава лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ и ја препознава разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на новата Влада, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, а пензиите ќе се покачуваат согласно покачувањето на животните трошоци. - Секој пензионер, согласно Законот за пензии, секој месец ќе добива по дополнителни 180 денари, односно секој пензионер ќе добие вкупно 2160 денари за цела 2017 година, истакнуваат од СДСМ.
Владата предводена од СДСМ, како што е наведено во соопштението, никогаш нема да работи спротивно од интересите на граѓаните, ниту пак ќе манипулира со нив како што тоа го правеше и се уште го прави ВМРО-ДПМНЕ. - Се остваруваат дадените ветувања и се спроведуваат зацртаните реформи што носат повисоки плати и пензии, нови работни места и унапредување на социјалната заштита, велат од СДСМ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација