СДСМ: Отстранети пречките за исплата на субвенции за тутун, обезбедени дополнителни 307 милиони денари за тутунарите
СДСМ продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделците и земјоделството.
Собранието ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ.
Пречките за исплата на субвенциите за оваа година за тутунарите се отстранети.
Важно е тутунопроизводителите да знаат дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и исплатата на субвенциите ќе започне уште од следната недела.
Фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите покажува дека тутунарите се важни за СДСМ.
Субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено,тутунарите да бидат спокојни. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопроизводителите засекогаш е завршено.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци.
Центар за комуникации со јавноста
|
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест