СДСМ одлучи, нема предвремени парламентарни избори заедно со претседателските
Извршниот одбор на СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори, заедно со претстојните претседателски избори, како што бараше опозицијата. Одлуката како што велат од партијата е донесена во интерес на граѓаните и државата.
-Граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интеграциите. Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата, не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓаните е многу повисока од онаа на опозицијата, изјави по завршувањето на седницата на ИО на СДСМ, партискиот портпарол Костадин Костадинов.
Тој рече дека како одговорна Влада најавиле економска година, создавање силна економија која отвора шанса за сите.
-Економијата е раздвижена и стабилизирана. Платите растат, се зголемуваат инвестициите, се отворат нови работни места, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Тоа е добра основа за засукување на ракавите и постигнување резултат што го бараат граѓаните, на се она што е потребно за подобар живот и за подобар стандард. Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговри со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија, одговорна Влада не би ја загрозила таа шанса. Не би го загрозила датумот за преговои на ЕУ со предвремени парламентарни избори и стопирање на реформите, вели Костадинов.
Во однос на претстојните претседателски избори, тој вели дека тие ќе бидат кристално чисти, фер и демократски, на кои ќе победат граѓаните. Очекува победа на СДСМ и пораз на деструкцијата и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот одбор на СДСМ го овластил претседателот на партијата, генералниот и организацискиот секретар да направат консултации со коалициските партнери, други парламентарни и вонпарламентарни партии за да се дојде до консензуален кандидат за претседател на државата.
Ново на Сител
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети

