СДСМ обвинува за негрижа за црквата во Курбиново

Претседателот на Комисијата за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски денеска на прес-конференција во Курбиново обвини дека црквата „Свети Ѓорѓија“ која е прогласена за културно наследство во 1952 година, сега е доведена во опасност од уништување затоа што, како што тврди, не се преземаат никакви конзерваторско-реставраторски активности.
- Тука се наоѓа и прочуената фреска со „Ангелот од Курбиново“, кој е симбол на нашата 50-денарка. Ангелот од Курбиново, и другите антологиски фрески во оваа црква, се во очајна состојба поради негрижата од страна на Министерство за култура, истакна тој.
Црквата, како што додаде, има активни пукнатини на сите четири страни поради лизагањето на теренот по проблематичните археолошки истражувања.
- Објектот е во опасност од прокиснување поради руинираниот и дотраен покрив, кај дел од фреските се забележани знаци на избледување, рече Алаѓозовски.
Министерството за култура, наведе, троши милиони евра на кич и барокни фасади, а не презема никакви мерки за заштита на богатото културно наследство.
Ново на Сител
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
