Македонија
12. July 2024 - 16:40

СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега

Кредитот од половина милион евра од Унгарија ќе ја турне државата во политичко и должничко заложништво на друга држава тврди опозицијата. СДСМ обвинува дека ова задолжување од половина милион евра граѓаните ќе го исплаќаат со дополнителни 150 милиони евра камата. Бараат од меѓународните институции итно да реагираат а Собранието да ја отфрли оваа идеја на ВМРО ДПМНЕ.

Власта тврди дека кредитот е добиен според најповолни услови со кои директно ќе се помогне пред се на стопанството. Рокот на отплата ќе биде 15 години од кои првите три се грејс период, а камаптнат стапка е 3,25отсто. ВМРО ДПМНЕ реагира дека СДСМ признале дека во нивно владеење јавниот долг го зголемиле до енормни граници.

ВМРО ДПМНЕ - Минатата година владата на СДС и ДУИ обезбеди евро обврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 7%. Година и пол по еврообврзницата на СДС, државата нема ништо направено, парите отидоа во приватни џебови.

Шефот на македонската дипломатија на средба со унгарскиот колега во рамки на Самитот во Вашингот добил уверување дека Унгарија како претседавач со ЕУ ќе нарави напори за забрзување на процесот на проширување. Муцунски и Сијарто разговарале за развојот на билатералната соработка меѓу двете земји и 30 годишниот јубилеј од дипломатските односи.

МНР- На средбата беа истакнати заемните заложби за натамошен развој на секторската соработка, со посебен акцент на економијата, инвестициите и бизнис релациите. Во фокусот на разговорите беше и европското досие на земјава, при што беше реафирмирана цврстата унгарска поддршка за наше полноправно членство во ЕУ. Стои во соопштението од мнр

Кредитот  како помош за стопанството и капитални проекти во општините премиерот  ја соопшти  од Вашингтон каде овој договор бил финализиран со унгарскиот премиер Виктор Орбан. На оваа средба Мицкоски и Орбан договориле специјална економска соработка меѓу двете влади. Инаку Мицкоски во изборната кампања најави дека веднаш по формирање на новата Влада ќе реализира  една милијарда евра преку кредит од друга држава под многу поволни околности.