СДСМ: Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство
Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство
Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.
Со реформираниот систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година се обезбедуваат дополнителни 2,2 милијарди денари.
Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.
За повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, а се воведува и минимален гарантиран приход.
Овој надоместок освен примателите на гарантираниот минимален приход ќе можат да го користат и домаќинствата со минимална плата
Се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојаните домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства.
Со темелната реформа на социјалниот систем и детската заштита што ја изготви Министерството за труд и социјална политика, за 300 проценти ја зголемуваме социјалната помош, но има ефикасни и долгорочни решенија за извлекување од сиромаштијата.
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ