СДСМ: Новите мерки за заштита ќе придонесат за намалување на притисокот врз здравствениот систем
Државата се соочува со сериозен бран на коронавирусот, бројката на новодијагностицирани и на хоспитализирани пациенти е многу голема, а здравствениот систем е под најголемиот притисок од почетокот на пандемијата.
Бидејќи здравјето на граѓаните е највисок приоритет на институциите предводени од СДСМ, Владата на препорака на Комисијата за заразни болести донесе одлука за заострување на рестриктивните мерки.
Во наредните две недели важи забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Угостителските објекти целосно ќе бидат затворени од 7 до 21 април, вклучувајќи ги и оние во хотели, мотели и бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативни начини и да вршат достава или да овозможуваат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект.
Се затвораат и сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали за вежбање и се забранува одржувањето на конференции и семинари.
Обложувалниците продолжуваат да работат, но нема да биде дозволено да се седи внатре.
На сила останува и задолжителното носење заштитни маски, одржување дистанца, забрана за групирање.
Мерките се потребни за да пресретнеме нови, сериозни влошувања на здравјето на граѓаните и на функционалноста на здравствениот кадар и здравствениот систем.
Неопходно е доследно почитување на мерките, најсериозно и најодговорно и да се заштитиме и себе си и нашите најблиски.
Ова е ситуација кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје кое што е обврска на секој од нас.
Сите заедно да се спротивставиме на ширењето на опасниот вирус и заедно со масовната вакцинација да го победиме опасниот, невидлив непријател.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта
-
Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени