СДСМ: Нови мерки на Владата предводена од СДСМ за помали цени на храната
Продолжуваат мерките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски за поддршка на граѓаните и стопанството во време на светска економска и енергетска криза.
Компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, ќе набавуваат поевтина електрична енергија
Односно, компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час.
Тоа е повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот за мегават час.
Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат.
Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто.
Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ.
СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено