-->
-->
СДСМ: Нов успех на Владата и премиерот Ковачевски, рекордни странски инвестиции од 735 милиони евра
-->
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, и антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат.
Успешно се справивме со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Антикризните мерки го заштитија стандардот на граѓаните и им помогнаа кога беше најтешко.
Немаше рестрикции на струја како што прогнозираше Мицкоски, туку зголемено производство на енергија. Немаше поскапување на струјата, немаше недостаток на храна, немаше недостаток на гориво.
Имаше субвенционирање на цената на струјата, на парното, поддршка на ранливите, на пензионерите. Никој не беше оставен сам во оваа криза.
Додека Мицкоски седеше на страна, го блокираше Собранието и ги кочеше мерките Ковачевски успеа да се справи со последиците од кризата.
Денес, македонската економија е стабилна и ликвидна.
Ги покачуваме платите и пензиите за историски највисоко ниво од независноста до денеска.
Дополнително, во време на кризната 2022 година ја завршивме со најголеми досега, рекордни 735,8 милиони евра странски директни инвестиции.
Тоа, е само уште еден показател за успешноста на економските политики на СДСМ, но и доказ колку е важно членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ кои гарантираат економска и општествена стабилност на државата.
Странските директни инвестиции освен што креираат нови работни места, придонесуваат за зголемување на производството, на извозот и раст на платите.
Ние, како одговорна партија ќе продолжиме со реализација на мерките и политиките што ја зајакнуваат домашната економија и уверени сме дека оваа 2023 година ќе биде уште подобра.
Продолжуваме со вистинска грижа за нашите сограѓани, за нашето домашно стопанство, за македонската економија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги