СДСМ: Нема потреба од нервоза во ВМРО-ДПМНЕ
Нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза затоа што променија став и прифатија уставни измени, како и учество во широка Влада за европска интеграција.
Разбираме дека промената на ставот можеби дојде наеднаш, дека паднаа во вода сите изјави за францускиот предлог и за договорот.
Разбираме и тоа дека со една изјава се избришаа нотарските изјави и потписите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени.
Но, не е прв пат опозицијата да промени став. Овој пат тоа е добро затоа што може да доведе до заеднички придонес за продолжување на европскиот пат на земјата, секако доколку останат на она што јавно го кажа Христијан Мицкоски.
Затоа не треба нервоза. Има време за политичко ривалство, сега е потребна одговорност пред иднината на земјата.
Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето уставни измени е добра основа за продолжување на дијалогот.
Да седнеме заедно и да ја продолжиме дебатата, да ја реализираме европската агенда, во интерес на граѓаните и на државата.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Голем дел од тетовско од 03:00 часот ноќеска без струја
-
Семејствата на загинатите Срби во северно Косово ги презедоа телата во Приштина
-
77-годишен струмичанец се обидел да ја силува неговата 64-годишна сосетка
-
Франција го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан
-
Спасени 177 лица од запален траект со мигранти кај Лампедуза
-
Николовски: Лозарите се задоволни од откупната цена, дополнителните субвенции ќе ги добијат пред „Св. Трифун“
-
ЕСМ снабдување со топлина: Потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона
-
Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, Бабовски да си поднесе оставка