СДСМ: Нема да има амнестија за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ
11 години криминално владеење, корупција и црнила се одлики на ВМРО-ДПМНЕ, сега Македонија ја има најтранспарентната влада во регионот.
11 години криминално владеење, корупција и црнила им донесе ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија.
Додека граѓаните осиромашуваа, институциите на системот беа впрегнати за целосна заштита на криминалот на фамилијата.
За да се прикрие криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше дури и Комисијата за спречување на корупцијата. Се отиде дотаму што за претседател на ДКСК беше донатор на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму ваквите партиските испостави на ВМРО ДПМНЕ ја уништија оваа институција.
Криминалот на фамилијата во тие 10 години ја смести Македонија во групата на земји коишто имаат најсериозен проблем со корупцијата. Македонија беше на дното во извештаите на Транспаренси и ГРЕКО, во чии наоди и ден денеска се препознаваат трагите на криминалното ДПМНЕ.
Фирми на Белизе и рајски шеми за испумпување на парите на граѓаните и богатење на фамилијата беше синоним за криминалот и корупцијата цели 11 години.
Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е зошто ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се бори за амнестија за криминалот на фамилијата.
Амнестија нема да има. Македонија сега се движи во правец на одговорно, отчетно и транспарентно владеење со почитување на прописите и законите.
Владата предводена од СДСМ за само една година од последното стигна на првото место по транспарентност во регионот, според индексот на отвореност.
Македонските граѓани заслужуваат светла иднина и таа иднина никој нема да им ја одземе.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?