СДСМ: Над 24 милиони евра за нов систем за наводнување во валандовскиот регион
Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството и вистинска грижа кон земјоделците.
Потпишан е договорот за реализација на проектот „Програма за наводнување на јужна Вардарска долина втора фаза“, кој што ќе обезбеди модерен систем за наводнување на земјоделските површини и намалување на трошоците за наводнување за земјоделците од валандовскиот регион.
Инвестицијата во вредност од над 24,3 милиони евра се состои од главна и секундарна мрежа за наводнување во вкупна должина од 85 километри. Со изградбата освен што ќе се намалат трошоците за наводнување, ќе се зголеми и опфатот на површини кои ќе се наводнуваат од новиот систем. Ако досега со системот се наводнуваат околу 1.600 хектари, по реализација на проектот ќе бидат опфатени над 2.000 хектари обработливо земјоделско земјиште.
Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување на мерките и политиките кои го олеснуваат животот на земјоделците и го развиваат и унапредуваат земјоделството како една од клучните стопански гранки.
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе