СДСМ на седница на Централниот одбор ќе одлучува за двојни избори
Централниот одбор на СДСМ, вечер на седница треба да одлучува за отпочнување постапката за номинирање претседателски кандидати и за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.
Премиерот Зоран Заев на прес-конференција минатата недела во Владата изјави дека дебатата за можноста за одржување претседателски заедно со предвремени парламентарни избори е отворена, и оти денеска ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена.
Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседаталските ќе се одржат и избори на градоначалници.
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски потврди дека вечер веќе е закажан Централен одбор на партијата на кој што ќе ја отворат постапката во однос на кандидатурите, која согласно партискиот статут, ќе се води од најниско ниво, а на крајот ќе одлучува Конгресот на партијата во однос на утврдувањето кандидати.
Во однос на рокот кога СДСМ ќе го одржи Конгресот, Спасовски рече дека тоа ќе биде решено на утрешните седници на Централниот и на Извршниот одбор на партијата.
-Не би сакал да шпекулирам со датуми, но ќе знаеме точно со рокови кога и кои дејства ќе бидат спроведувани и кога би го знаеле кандидатот на СДСМ. Најважно е целата таа постапка да биде испочитувана, да ги погледнеме и истражувањата на јавното мислење. Нашиот претседател веќе најави дека имаме повеќе кандидати. Верувам дека ќе го направиме најдобриот избор, рече Спасовски изразувајќи уверување дека претседателот на РМ во наредниот мандат ќе биде од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-

„Евровизија“ се шири во Азија – првиот натпревар закажан за ноември во Бангкок
-

Гувернерот на Флорида го одобри преименувањето на аеродромот Палм Бич по Трамп
-

НАСА се подготвува за новата мисија со луѓе на Месечината - прва по 53 години
-

Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!
-

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци
-

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина

