СДСМ: На локалните избори излегуваме со најдобрата понуда за секоја општина
И на овие локални избори, исто како и на претходните, СДСМ заедно со граѓаните ја креира најдобрата програмска и кадровска понуда за секоја општина.
По спроведените испитувања на јавното мислење, анализите и истражувањата, консултациите со членството, Извршниот одбор на синоќешната седница ги дефинираше првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.
Сите кандидати за градоначалнички и градоначлници кои беа синоќа објавени во првата фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни индивидуи, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина.
Процесот на создавање на најдобрата понуда за секоја општина продолжува. Како што ќе се завршуваат анкетите, истражувањата, анализите за останатите општини и како ќе се носат одлуки на раководството, тие јавно ќе бидат соопштени низ фази.
Кон почетокот на следниот месец ќе биде објавена уште една група на потврдени кандидати за градоначалници, во втора фаза, а очекувањата се до крајот на август да бидат објавени сите кандидати за градоначалнички и градоначалници во сите општини каде СДСМ ќе номинира свои кандидати.
Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани. СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави и во иднина.
Затоа сме фаворити на претстојните избори, граѓаните препознаваат дека само со СДСМ е можен напредокот во секоја општина, дека само со СДСМ иднината на државата е во сигурни раце.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
