СДСМ: На чекор сме до исполнување на просечна плата од 30.000 денари
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи постојано презема мерки и политики што обезбедуваат повисок животен стандард на граѓаните.
И во време на криза, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно за глобалната криза, за поддршка на животниот стандард на граѓаните.
За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари.
На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.
Претходно ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога едвај изнесуваше 8.800 денари.
Политиките на СДСМ придонесоа платите да растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните.
Освен растот на платите, потврда за поддршката на стандардот на граѓаните е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите и кои веќе даваат резултат.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
