СДСМ: Мицкоски покажa дека нема основно чувство за државност
За вакво исклучително важно прашање, од највисок државен и национален интерес, Христијан Мицкоски покажува дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност.
Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.
Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет.
Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме. Целосно го исполнуваме ветеното.
Во модифицираниот предлогот имаме чист Македонски јазик и историски прашања надвор од рамката.
Ветивме дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Сега е тоа време и како што ветивме го започнуваме.Секако дека уште денес ќе бидат изнесени детали за предлогот кој е доставен вчера.
Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излегува во јавноста. Сето ова е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски.
Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации.
СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80