СДСМ: Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио
Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, кое на крајот не успеа.
Мицкоски синоќа не беше мета туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните.
Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција.
Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш.
Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса, кој беше назаначен за директор на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје.
Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска.
Тоа се гледа и од фотографиите објавени во прилог. Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.
Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое синоќа не успеа.Тие воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните.
Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме.
Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано.
Граѓаните никако да не подлегнувааат на вакви конструкции, апелираме на смиреност а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.
Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден