СДСМ: Мицкоски е одговорен за тоа што Скопје се дави го ѓубре
Христијан Мицкоски е директно одговорен за што Скопје се дави во ѓубре.
Затоа Мицкоски излегува и глуми загрижен, неговото појавување покажува дека знае, негова е одговорноста за хаосот во Скопје со ѓубрето.
Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде невиден хаос, Скопје со денови се гуши во ѓубре.
Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа модерно Скопје. Но скопјани добија загаден, нечист, нефункционален град кој не може со ѓубре да излезе на крај а не да се развива.
Неспособноста и неработата на градоначалниците на ДПМНЕ во другите општини во Скопје се исто така дел од проблемот во главниот град.
ДПМНЕ го има мнозинството во советот, управните одбори се сите во нивни рацете.
Дури и Мазнева е кадар на Мицкоски, поранешна пратеничка на ДПМНЕ која на директорското место дојде од неговиот кабинет каде беше негова советничка.
На Скопје секогаш му се случува хаос кога ДПМНЕ ќе добие глас од граѓаните за да биде власт.
Со чистење на ѓубре Мицкоски и ДПМНЕ не можат да се снајдат а не со нешто повеќе.
Каков развој, какво модерно, поради ДПМНЕ и Мицкоски на Скопје му се случува уште една катастрофа.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева