СДСМ: Мицкоски дома прави блокада на Собранието, а надвор предавство на државните интереси
Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивно, антидржавно и антинародно однесување.
По налог на Мицкоски пратениците во Собранието блокираат се што е во интерес на граѓаните и државата.
Десетици важни закони се блокирани со месеци во Собранието заради личните интереси и хирови на Мицкоски.
И додека дома блокира и глуми патриот, Мицкоски надвор ги поткопува државните интереси и врши предавство.
Европската народна партија каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.
Мицкоски кој беше дел од Конгресот каде се усвои Резолуцијата молчи и неодговора дали ја поддржал резолуцијата и кој бил неговиот став по однос на тоа прашање.
Со немањето став по резолуцијата, Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, нанесувајќи штета на националните интереси.
Освен да блокира важни процеси, да носи штета врз државата и да брани криминал, Мицкоски нема никаква друга агенда, уште еднаш самиот се потврдува како најнеодговорен политичар.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон