СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата, образовниот процес е обезбеден и во зима
Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима.
Донесена е одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа.
Тоа значи дека во текот на целата зима, образовниот процес ќе се одвива непречено и со физичко присуство.
Дополнително, државата ќе продолжи да ја субвенционира сметката за електрична енергија од 80 отсто за 650.000 домаќинства, а над 70.000 компании и други правни субјекти ќе добиваат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската.
Како одговорна, државотворна партија СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат помош за граѓаните и стопанството со цел полесно пребродување на последиците од светската економска и енергетска криза.
Ново на Сител
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ