-->
-->
СДСМ: Лицемерието на Мицкоски пуштено на најсилно
-->

Нема крај на лицемерието на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски година и пол блокираа заем од Светска Банка за обезбедување средства за општините.
Преку незакажување на седница, тогашниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски, а сегашен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ им нанесуваше штета на општините доминантно предводени од градоначалници од СДСМ.
Денес Мицкоски кој постојано зборува против задолжувања, бара да биде доставен и изгласан во Собранието заемот од Светска банка за финансирање проекти во општините кои сега се доминантно предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е тешко лицемерие со кое Мицкоски сака да ги прикрие неработењето и партизацијата на општините.
Граѓаните да бидат спокојни, пратениците од владејачкото мнозинство ќе го усвојат законот за задолжување од Светска банка, затоа што важно е да се инвестира во капитални проекти, особено во време на најголема светска економска криза.
Досега во првите шест месеци од мандатот градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо освен што се фалеа со започнати проекти од поранешни градоначалници од СДСМ. Сега бараат за да се сликаат со пари обезбедени од Владата од проектот за поврзување на локални патишта.
На крајот на денот, остануваат деструктивноста и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои без срам ја блокираат работата на Собранието, ја критикуваат работата на Владата, а потоа бараат пари од неа.
СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
