СДСМ креира лажни профили- параноја и недостаток на капацитет кај опозицијата
Соочени со стравот од избори и можноста од ново соочување со волјата на народот, на СДСМ очигледно не им преостанува ништо друго туку преку креирање на лажни профили на социјалните мрежи да се обиде да ја дезинформира јавноста, пренесува порталот Денешен.
Имено, деновиве на социјалните мрежи се појави лажен профил на Мартин Протоѓер, шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски. За каков аматеризам станува збор се чини дека најдобро говори тоа што дури е згрешено презимето на Протоѓер, со што веднаш се покажува дека не се работи за никаков официјален профил.
Соочени со својата безидејност и немање поддршка кај народот, поради што на секој можен начин во опозицискиот блок се прават напори да се избегнат изборите, СДСМ креира лажни профили, што претставува целосно ступиден обид за дезинформирање на јавноста.
Дополнително, ваквите провидни обиди покажува со што се’ се занимаваат опозициските структури и на виделина излегува недостаток на капацитет кај најголемата опозициска партија. Не е првпат СДСМ да се служи со вакви параноични испади како креирање лажни профили, наместо да конкурира со конкретни идеи, проекти и програма.
Ваквиот низок обид за дезинформирање на јавноста воедно го отсликува однесувањето на Заев, кој нелогично уценува и измислува нови услови само колку да избегне да се соочи со народот и да нема избори.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица