СДСМ: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државатa
Владата предводена од СДСМ со започнување на силна градежна офанзива на Коридот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството.
Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата.
Изградбата на модерни, современи автопати на делниците Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга – Ќафасан, обезбедува подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите.
Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор, за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра.
СДСМ ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, во проекти кои обезбедуваат економски раст на државата и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
