СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во Македонија едвај врзуваат крај со крај, се борат со поскапувања, мизерни плати, празни паричници и празни фрижидери.
Наводно „добрата економска слика“ која не може да ја продаде Мицкоски е уште една провидна манипулација со кои се обидува да ја замагли катастрофалната реалност во која живеат граѓаните.
Постојано зголемување на цените, плати кои стагнираат, стандард кој постојано опаѓа, граѓани со се помалку пари. Тоа е болната реалност во Македонија.
Не се исплаќа поратот на ДДВ, субвенциите за земјоделците се намалени и каснат, нема реализација на капитални инвестиции, власта доцни и не може плати да исплати.
Кога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст значи бесмислени се било какви фалби, нема никаков раст.
Индустриското производство, еден од клучните индикатори за реалната економија, бележи пад од 0,8% во февруари 2025 во споредба со истиот месец лани. Тоа е јасен сигнал за опаѓање на економската активност.
Граѓаните многу добро ја знаат реалноста, нема никаква економија што цвета – има економија што стагнира и народ што осиромашува.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран