-->
-->
СДСМ: Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“, дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ?
-->
Аферата „Криминални парцели“, во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ.
Информациите објавени во медиумите отвораат сериозни прашања за кои јавноста со право очекува одговори од првиот човек на оваа партија, Христијан Мицкоски.
Последните објавени информации покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска.
Ова е една од причините зошто Христијан Мицкоски треба да одговори на прашањето:
Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа во ВМРО-ДПМНЕ?
Овие сомнежи се основани по информациите кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема и затоа очекуваме истрагата да ги даде сите одговори.
Но, неспорен факт е дека речиси сите осомничени и обвинети во аферата „Криминални парцели“ имаат поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО ДПМНЕ.
Орце Тодоровски, е негов близок човек, партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра.
Осомничениот Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата.
Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митрески, син на екс градоначалник од ВМРОДПМНЕ.
Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Во аферата „Криминални парцели“ направена е проневера на околу 1,6 милиони евра.
Клучното прашање е каде завршиле овие 1,6 милиони евра, кој е патот на парите?
Дали со нив е финансирана кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори или со нив бил спроведен поткуп?
Дали се прикривале трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацевите на Водно?
Очекуваме истрагата да ги даде одговорите на сите овие прашања.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици