СДСМ: Иванов не е тој кој одлучува за иднината, граѓаните ќе ја донесат одлуката

Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија.
Очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и на оние кои го гласаа.
Последниот остаток од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов е противник на демократијата, бидејќи ја спори најважната демократска алатка – гласањето.
А, токму преку гласање и избори, Иванов стана претседател. Ставот на Иванов е срамно бегство од одговорност.
За среќа на граѓаните, Иванов не е тој кој одлучува за иднината. Иванов е премал и премалку важен, граѓаните и нивната волја се тие кои се големината на Македонија, тие ќе ја донесат одлуката.
Македонија ќе избере иднина.
Иванов останува сам, заробен во сопствената идеја за изолација.
Иванов, за жал, останува да биде лице кое сее омраза и кое ги дели граѓаните, претседател кој оди спротивно на волјата на граѓаните, претседател кој избран преку гласање, а денес има проблем со гласањето.
Иванов е срам за демократијата.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
