СДСМ: Имаме најевтини горива во регионот
Eфикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата.
Додека насекаде во државите од регионот цените на горивата растат поради најголемата економска и енергетска криза, кај нас се намалуваат токму како резултат на овие мерки.
Прекуантикризните мерки цената на бензинот веднаш се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Од полноќ дополнително се намалија цените на бензините за два денари по литар, а цената на дизелот се намали за три денари.
СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржув ање на економската стабилност.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
