СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
Опозициските СДСМ и ДУИ бараат истрагата за ужасната трагедија во Кочани да се префрли на собраниски терен бидејќи не се задоволни како тоа го правеле истражните органи. Влеат дека тие работеле по налог на Владата и Мицкоски и затоа преку неутрален терен како парламентот бараат да се лоцира вистинската одговорност за случајот кој требало да опфати актулени функцинери.
„Законот мора сите да бидат еднакви. Од особен интерес на сите граѓани е истрагите коишто се спроведуваат во врска со оваа најстрашна трагедија да покажат веродостојни резултат и да утврдат што точно се случувало и да лоцираат одговорност, онкако како што самата јавност и правните експерти кои ги слушаме укажуваат дека треба да се случува а не се случува. Оттаму е предлогот и за формирање Анкетна комисија“
Партијата на Ахмети оди чекор понапред, и најавува дека инцијативата за да се формира посебно собрнаиско тело за Кочани веќе ја доставува во парламентот. Бараат и меѓународно присуство.
Од власта пак, велат истрагата не е селективна, а државниот обвинител е избран токму од претходната власт на СДСМ и ДУИ. Анкетните комисии или работни тела се формираат со одлука на Собранието за извршување на псоебни задачи, но често завршуваат само како политичка дебата. Последна анкетна комисија е онаа која се формираше лани за случајот онкологија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар