СДСМ: Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието
Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар.
Поради разумот на мнозинството не дозволиме во македонското Собрание да се реализира смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос.
За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави.
На еден многу лош начин граѓаните видоа што значат сценаријата на Левица.
Ова што денеска го гледаат граѓаните е потврда на она што го говориме цело време.
Со Левица и нивниот коалициски партнер можни се само инциденти, насилства и хаос.
Односот на Левица кон институцијата Собрание е однос кон државата, денес компјутерот во Собрание утре народот.
СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица да успеат.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема