-->
-->
СДСМ го осуди инцидентот во Шуто Оризари
-->

СДСМ вечерва преку соопштение го осуди насилството и денешниот инцидент во скопската општина Шуто Оризари во кој е повреден актуелниот и кандидат за градоначалник на оваа општина Елвис Бајрам.
Партијата истакнува дека насилството е неприфатливо и апелира институциите да го расчистат случајот.
- Очекуваме Министерството за внатрешни работи и надлежните институции до крај да го расчистат случајот, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата согласно законите, се вели во соопштението.
СДСМ ги повикува сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
