СДСМ: Ги преброја ли Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за европскиот пат?
Многу пати досега се покажа дека пребројувањето пратеници е многу слаба страна на Христијан Мицкоски.
Броеше Мицкоски 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, но во реалноста Собранието не само што не се распушти, туку парламентарното мнозинство се зголеми.
Сега, кога државата влегува во клучен период за евроинтеграциите, Мицкоски треба да ги преброи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да дадат поддршка на уставните измени.
Знае и Мицкоски како што и целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори.
Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази.
Ги повикуваме сите прогресивни групи и пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесот, потребните реформи да бидат усвоени и државата да продолжи по европскиот пат.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тетовец ја тепал партнерката пред угостителскиот објект во кој работела
-
Тригодишно дете во Грција застрелано во главата
-
Објавен е конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година
-
„Мирно небо Зоки“, македонската естрада се збогува со Зоки Фаци | ФОТО
-
Во тешка сообраќајка во Битола едно лице го загуби животот
-
За 6 месеци над 1.800 казни напишала кумановската полиција, најмногу за возење под дејство на алкохол
-
Застрелан поранешен фудбалер на Хајдук
-
Без струја утре дел од општина Аеродром