-->
-->
СДСМ ги објави заклучоците за преговарачката рамка: Се задолжува владата да не преговара за билатералните прашања
-->

СДСМ предлага заклучоци за заштита на идентитетот на македонскиот народ. Јован Митрески, координатор на пратениците од мнозинството, поосчи дека овие заклучоци треба да се задолжителни за Владата.
„Се задолжува Владата преку државната делегација за преговори со ЕУ, доследно да се придржува до определбата за почитување на идентитетските, јазичните, македонските прашања. Преговорите да се водат на принципелна основа, со почитување на посебноста на македонскиот народ, согласно резулуцијата усвоена од Собранието. Се задолжува Владата, македонскиот јазик да биде наведен без додавки и фусноти. Се задолжува Владата, во текот на преговорите и по приемот, да не прифати да разговара за поинаков решение за македонскиот јазик, од она што е наведено во преговарачката рамка. Македонскиот јазик да стане службен јазик, без фунсоти. Билатералните прашања, поврзани со билатералните преговори, да не бидат одредници од кои ќе зависи пристапувањето кон ЕУ. Преговарачката рамка да се усвои веднаш, за одржување на меѓународната конференција, да се донесат одлуки веднаш. Се задолжува Владата, заклучоците да ги вгради во отворачката изјава во првата меѓувладина конференција“, кажа Митрески и побара постојано да бидат известувани што се случува со пристапувањето кон ЕУ.
Од колегите пратеници, побара поддршка, да се донесат заклучоци и да се откочи пристапот кон ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда
-

Киев повторно под жесток удар на руски балистички ракети, има загинати и повредени
-

Макрон му се заблагодари на Дешан за неговата работа со француската репрезентација
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан
-

Во Општина Крушево ќе биде отворена новата канцеларија за административни услуги
-

Најмногу дожд наврнал во Берово
-

Англија ја победи Франција за третото место со 6:4
-

Браќата Ендру и Тристан Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија
