СДСМ: ДПМНЕ е гробарот на македонското земјоделството
ДПМНЕ е последна што може да зборува за земјоделството. ДПМНЕ е гробарот на македонското земјоделството, додека за разлика од нив СДСМ на дело покажа искрена грижа и поддршка за секој еден земјоделец.
Да ги потсетиме ДПМНЕ на најголемата земјоделска измама СВЕДМИЛК, на узурпираното земјиште на земјоделците кое беше дадено на Субрата Рој, на пропаѓањето на Повардарие и неисплатените лозари, на селективниот пристап во делење на субвенции, на делење опрема со партиски списоци за селектирани партиски земјоделци.
Узурпираните 5.000 хектари дадени на Субрата Рој што 6 години не беа обработени денес се вратени на земјоделците.
Во 2017 година владата на СДСМ исплати 2 милиони евра долг кон лозарите за неисплатеното винско грозје во винариите Повардарие и Стефани.
Владата предводена од СДСМ подготви и донесе Национален план за производство на храна преку кој се дава поддршка за секој еден земјоделец и ги расчисто и исплати сите заостанати обрвски кон земјоделоелците наследени од ДПМНЕ.
Подготвен е нов модел за субвенции кој дава поголема поддршка на стратешки значајните култури и го насочува домашното производство во домашните капацитети за преработка. Тоа е нов модел кој, покај тоа што гаранита навремена исплата за прв пат дава и авансна исплата на дел од субвенциите.
Оваа 2023 година кога започна примената на новиот модел, е прва година во земјодлеството, каде во рок се исплатени сите основни субвенции за 2022 година, а до крајот на годината исплатена ќе биде и авансната исплата за 2023.
СДСМ гради и вложува во водоводни мрежи. Се гради браната Консо најглем капитален проект, се градат мали состеми за наводнување, се гради јужно вардарската долина, потоа систеомт Равен Речица.
Домашното производство е стабилно со СДСМ а со мерките и за интервентна поддршка во 2022 за вештачко ѓубриво производството на житни куктури е стабилизирано и зголемено во услови на криза.
Оризарите во последните 3 години имаат за 300% зголемени субвенции, а оризот станува старетшка култура со Законот за стокови резерви. Со СДСМ оризарите за прв пат имаат мерка за поддршка при набавка на специјални комбајни и мобилни сушари.
Земјоделците знаат дека СДСМ води искрена грижа за нив, а лагите на ДПМНЕ повторно ќе ги казнат на следните парламентарни избори.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“