СДСМ: Денеска поднесуваме иницијативата за вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух
СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух во главниот град.
Дополнително, СДСМ преку советничката група во Совететот предлага и конкретни мерки за намалување на загадувањето во Скопје:
1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.
2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.
3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.
4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).
5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.
6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.
7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.
Загадениот воздух во главниот град изминатите денови е на алармантно високо ниво.
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за загадувањето во главниот град.
Потребна е посебна, вонредна седница на Советот на Град Скопје на којашто ќе се разговара за решенија и мерки за намалување на загадувањето, за што СДСМ има и подготвени мерки кои ги предлага.
Противењето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух е неодговорно и само го покажува вистинското лице на оваа партија.
ВМРО ДПМНЕ мисли само на тендери и провизии, за граѓаните воопшто не се грижат.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати