-->
-->
СДСМ: Денешниот собир пред судот докажа, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот и одбрана на криминалците
-->
Денешниот собир на видни партиски членови, активисти и пратенички од ВМРО-ДПМНЕ пред судот за поддршка за обвинетите во предметот „ТНТ“ е последниот доказ дека ништо не се менува во опозициската партија.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ бранат лица обвинети дека нелегално рушеле објекти само заради одмазда.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бранат криминалци, продолжуваат да работат против правдата.
Нивната единствена понуда е обнова на режимот и одбрана на криминалот.
ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица на криминал, закани, притисоци. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години газеше врз граѓаните, бизнисмените, новинарите и сите кои не играа по нотите на Никола Груевски.
Со таква понуда можат да очекуваат само пораз на изборите на 12 април. На предвремените избори граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат, ќе ја поразат криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ и силно ќе порачаат Режим – никогаш повеќе!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ