СДСМ: Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги!
Денешниот ден е на Христијан Мицкоски и неговите лаги.
Во отсуство на програма, план, идеја и визија, Христијан Мицкоски своето делување го сведе на лажни вести, деструкции и блокади на иднината на државата и граѓаните.
Во морето на невистини и лаги пласирани од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да се издвојат:
Мицкоски лажеше дека не бил асистент кај неговиот татко-професор, се потврди сосема спротивното.
Мицкоски лажеше и за бизносот со хидроцентралите и земјиштето што го добил од владата на Никола Груевски, токму во времето кога му бил советник на Груевски.
Помеѓу последните е лагата на Мицкоски дека неговата партија поднела амандмани до Министерството за правда во хартиена форма, што се покажа дека е целосна невистина.
Тоа е Христијан Мицкоски, лаги, деструкции и ништо друго.
Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги.
Ново на Сител
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот