Македонија
30. October 2024 - 13:06

СДСМ бара комисиска седница за директорот на АНБ

СДСМ бара одржување на седница на собраниската комисија за надзор на органите на безбедноста на која ќе биде присутен и новиот деректор на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски за да дал одговори во врска со неговиот сертификат за англиски јазик но и за неговите информации во врска со последните помилувања од страна на претседателката Сиљановска. Од СДСМ иницијативата ја поднесоа денеска и бараат седницата да биде отворена за јавноста.