-->
-->
СДСМ бара автентично толкување за помилувањата на Иванов
-->
Пратеничката група на СДСМ поднесе барање за автентично толкување на чл. 11 од Законот за помилување кој се однесува на правото на претседателот на државата да дава помилувања без одобрение и мислење од посебната комисија.
Причината за барањето, како што рече пратеникот Костадин Костадинов, е последниот обид преку Уставниот суд да останат неказнети обвинетите во случаите на СЈО.
Според СДСМ, помилувањата од Иванов биле незаконски. Костадинов побара поддршка од сите пратеници, вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат шанса да докажат дека се на стараната на правда и дека одговорност мора да има без разлика кој од која партија е.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ