Македонија
4. November 2023 - 12:44

СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните

2 години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори.

Резултатот на локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини е 0 проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми.

Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки.

Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги, паркинг.

Наместо развој локалните власти на ДПМНЕ озбезбедија нови долгови и партиски вработувања.

На половина од мандатот на виделина исплива  поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ.

ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ