СДСМ: 100 дена изговори
100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување.
Досега немало влада со толку лош почеток на владеењето. Ако денот се познава по утрото, уште полошо ги чека граѓаните и државата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова е најнеспособната власт од независноста на државата до денеска.
Власта ги изневери и ги разочара граѓаните, најмногу со тоа што сите нејзини ветувања пред изборите ги замени со изговори зошто не може да ги реализира.
Ветуваа поголеми плати а просечната плата се намали за 1.000 денари, нема покачување ниту на минималната плата, ниту на платите за наставнивите и другите работници.
Ветуваа поголеми пензии за 5.000 денари а не можат да испорачаат ниту половина.
Ветуваа намалување на задолжувањето а го зголемија долгот на граѓаните за над 60%. Им натоварија 500 милиони евра на грбот на граѓаните, сомнители кинески пари, да ги враќаат генерации.
Наместо реални мерки за намалување на цените мачкаат очи загрозувајќи го стандардот на народот.
Скандал до скандал ги одбележаа овие 100 дена на Мицкоски и ДПМНЕ. Речиси и да немаше недела да не се случи некој огромен скандал, од поклонетиот имот на генералниот секретар во Владата вреден 300 илјади евра, сомнежите за корупција, преку долговите од 1 милион евра за кои до денеска се молчи.
Безбедноста на граѓаните е загрозена поради неспособноста на власта на Мицкоски. Се случија 10 убиства и обиди за убиства а расчистено е само едно, пукањата по улиците, палењето автомобили и дивеењето на криминалците стана секојдневие.
Безбедностните структури се подложни на масовна партизација наместо професионализација исто како и останатите институции.
Беше нападнат полицаец на скопскиот аеродром од обезбедувањето на Гаши. На северната граница власта нема контрола, се случија тон скандали со пропуштање на сватовите на Гаши, со казнување на полицајците и самовилие на началниците поставени од ДПМНЕ.
Изгоре 10% од териотијата на земјата, причинета е огромна штета, само поради неспособност на првите луѓе во власта на Мицкоски.
Власта ги прекина преговорите со ЕУ. Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена.
Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро.
Со Мицкоски и ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата.
СДСМ
Ново на Сител
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата