Свет
10. December 2015 - 8:51

СБ на ОН усвои прва резолуција за влијанието на конфликтите врз младите

Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно ја усвои својата прва резолуција која целосно е фокусирана врз влијанието на вооружените конфликти врз младите, јавија американските медиуми.

Во Резолцијата се потенцира појавата на засилена радикализација и насилен екстремизам меѓу младите луѓе.

Со неа државите се повикуваат на поактивно вклучување на младите, на возраст меѓу 18 и 29 години, во напорите за спречување и решавање на конфликтите, како и на спротвставувањето на насилниот екстремизам, „што може да води до тероризам“.

Документот, чиј предлагач е Јордан, ја изразува загриженоста во врска со нараснатото користење на интернетот и другите информативни технологии „од терористите и нивните поддржувачи“ за врбување и поттикнување на младите „да извршуваат терористички акти“, како и за планирање и финансирање на дејностите на екстремистичките групи.

Резолуцијата повикува на глобална соработка за да не им се дозволи на терористите да ги користат технологиите.