СБ на ОН подготвува нова резолуција на хемискиот напад во Сирија
САД, Велика Британија и Франција подготуваат ревидиран текст на предлог-резолуцијата за Сирија, предложена минатата недела до членките на Советот за безбедност на ОН, во обид да ја засилат поддршката на заложбите за спроведување меѓународна истрага за минатонеделниот напад со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, соопштија вечерва диплотаски извори од седиштето на Светската организација.
Според истите извори, со предложениот текст се осудува нападот во Идлиб, за кој Западот ја обвинува сириската армија, и се бара од властите во Дамаск да соработуваат со меѓународните истражители.
Овој ревидиран текст на резолуцијата би требало да бидет ставен на гласање во Советот за безбедност на ОН во следниве денови. За утре е предвидена седница на Советот посветена на Сирија.
- Не можеме да се откажеме и мораме да продолжиме да се обидуваме да усвоиме текст со кој би бил осуден нападот и да бараме темелна истрага, изјави претходно денеска францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатре.
Минатата недела Русија стави вето на предлог-резолуцијата за осуда на нападот во Идлиб, оценувајќи ја како „неприфатлива и неоправдана“.
Организацијата за забрана на хемиското оружје соопшти дека започнала истрага за нападот во Идлиб, додавајќи доколку се утврди дека при тоа е користено хемиско иружје, заедно со ОН ќе се обидат да утврдат кој е одговорен за инцидентот.
Ново на Сител
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава
-
Пожарите кај Јасен, Кожуф и Долгаец се ставени под контрола, во моментов нема активни пожари