СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа
Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата.
Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана.
Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од амандманите направени на текстот, објави Тајмс оф Израел.
Палестинската исламистичка група Хамас, нејзиниот сојузник - групата Исламски џихад - и нивниот ривал Палестинската управа на претседателот Махмуд Абас ја поздравија резолуцијата усвоена од СБ на ОН со која се поддржува предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Во соопштението Хамас објави дека е подготвен да соработува со посредниците за спроведување на принципите содржани во планот.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење