-->
-->
СБ на ОН ја отфрли руската резолуција за Сирија
-->

Советот за безбедност на ОН ја отфрли денеска резолуцијата на Русија, со која се осудува „агресијата“ на САД и нивните сојузници против Сирија.
Текстот го поддржаа само Русија, Кина и Боливија. Осум земји гласаа против, а четири беа воздржани.
За да биде прифатена резолуцијата беа потребни девет гласа „за“, без некоја од петте постојани членки на Советот за безбедност да стави вето. Трите земји, кои ги извршија нападите врз Сирија - САД, Велика Британија и Франција, имаат право на вето.
Русија претходно му предложи нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која ја осуди „агресијата на САД и нивните сојузници против Сирија поради кршење на меѓународното право и повелбите на светската организација“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
