СБ на ОН ги повика страните во украинскиот конфликт под итно да ги прекинат борбените дејствија
Советот за безбедност на ОН изрази загриженост од опасната ескалација на ситуацијата во источна Украина и страните во конфликтот ги повика под итно да ги прекинат борбените дејствија, пренесе ТАСС.
Советот ја осуди употребата на оружје, забрането во договорите од Минск, со кои се убиени и ранети луѓе, вклучувајќи и цивили, се наведува во соопштението, донесено на иницијатива на украинската делегација во ОН.
Членовите на Советот за безбедност повикуваат на итно враќање на режимот на прекин на огнот, се наведува во соопштението. Во него се изразува целосната поддршка за суверенитетот и територијалната целост на Украина и се истакнува важноста на примената на договорите од Минск и на резолуцијата 2202 за мирно надминување на конфликтот.
Советот за безбедност ги вклучува и Русија, и Украина, која во моментов е ротациски член. И двете земји го одобрија соопштението на Советот, забележаа британските медиуми.
Претходно, во текот на денот, Украина и Русија си упатија взаемни обвинувања за ескалацијата на борбите во индустрискиот град Авдеевка, што е под контрола на Киев. Украинската војска и руските сепаратисти се обвинуваат едни со други дека презеле офанзива со тешка артилерија и покрај договореното примирје.
Според официјалните податоци од неделата до сега се убиени осум и ранети се уште 26 украински војници.
Борбите без струја и вода оставија илјадници цивили.
Ново на Сител
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа