СБ на ОН ги осуди нападите врз цркви во Египет
Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди терористичките напади врз цркви во Египет, извршени за време на литургиите за празникот Цветници, јави ТАСС.
СБ ги означи нападите како „монструозни и ужасни“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите, а исто така на народот и Владата на Египет.
Групацијата Исламска држава се закани дека ќе има уште напади врз египетските христијани, јави ДПА.
ИД соопшти дека нападите врз цркви во градовите Танта и Александрија биле извршени од напаѓачи самоубијци, кои носеле појаси со експлозиви.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изрази сочувство до египетскиот народ поради нападите.
- Огорчен сум и потресен поради тие напади во Египет и одлучно ги осудувам, изјави тој, изразувајќи им сочувство на оние, „кои тагуваат по загинатите пријатели и роднини“.
Џонсон вети дека Лондон ќе продолжи да го поддржува Каиро во борба против тероризмот.
Ново на Сител
-
Мицкоски за прислушкувањето: Одговорност мора да има за прислушкувањето
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност