СБ на ОН до Пјонгјанг: Очекувајте одговор
СБ на ОН ја предупреди Северна Кореја да очекува одговор откако изврши две проби за лансирање балистички ракети од среден дострел.
Советот одржа синоќа итни консултации зад затворени врати откако Северна Кореја изврши две неуспешни проби за лансирање балистички проектили од среден дострел.
– Разгледуваме одговор, изјави Лиу Дјиеи, кинески амбасадор во ОН кој овој месец претседава со СБ на ОН.
Јапонскиот амбасадор Мотохиде Јошикава истакна дека сите 15 членови на Советот за безбедност едногласно го осудиле последното лансирање ракети на Пјонгјанг.
Дипломати очекуваат СБ на ОН денеска да објави соопштение откако кинеската делегација синоќа побарала време за консултации со Пекинг. Во изминатите две недели Северна Кореја трипати се обиде да тестира ракета Мусудан која може да погоди американски бази на пацифичкото острово Гвам.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство