СБ на ОН денеска ќе гласа за резолуција со која ќе се укинат економските санкции кон Иран
Советот за безбедност на ОН денеска се подготвува да усвои резолуција со која ќе се одобри укинување на економските санкции против Иран, наметнати заради неговата нуклеарна програма, пренесе ДПА.
Портпаролот на СБ на ОН, Стефан Ѓужариќ изјави дека санкциите ќе бидат укинати откако Меѓународната агенција за атомска енергија ќе потврди дека Техеран ги исполнува своите обврски од спогодбата за неговата нуклеарна програма - да го намали збогатувањето на ураниум и резервите од него.
Некои од санкциите се во сила веќе девет години. Тие го зафаќаат иранскиот финансиски сектор, како и забраната за патување на високи ирански претставници.
Резолуцијата на ОН, меѓутоа, нема да се однесува на одделни санкции, наметнати од Европската унија, САД и другите држави, посочува ДПА.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис